Како да се храниме здраво кога работиме од дома?
Да се грижиме за нашето здравје и исхрана додека домот е наша канцеларија деновиве, е повеќе од неопходно. За разлика од работното место, дома, фрижидерот ни е секогаш на дофат и може постојано да консумираме храна. Но ваквата навика може да резултира со вишок килограми и помалку продуктивност на работното место. Затоа еве неколку совети кои ќе ни помогнат да се храниме здраво додека работиме од дома, како и кои производи ни се неопходни за таа цел.
Не работете во близина на кујната
Обидете се да ја поставите вашата работна маса во област што не е во близина на кујната. Ако е обратно, тоа можеби ќе ве искушува да шетате и да го проверувате фрижидерот (по десетти пат). Одлучете дека единствениот пат кога ќе бидете во кујната за време на работниот ден е кога треба да имате оброк. Ако ова е тешко да се следи, закачете знак на вашиот фрижидер за да ве потсетува дека кујната е затворена до следниот закажан оброк или ужина.
Планирајте го времето на ужинка и оброк
Исто како што го закажувате и планирате остатокот од денот, утврдете кога во текот на денот ќе јадете. Ако знаете дека сакате да јадете ручек околу пладне, планирајте го тоа. И, ако сакате да имате закуска во доцните попладневни часови, испланирајте го времето и за тоа. Однесувајте се кон храната како што правите во канцеларијата. Не можете да јадете цел ден кога сте таму - така постапувајте на ист начин дома.
Бидете сигурни дека јадете
Откако ќе се зафатите со работа, може да биде тешко да направите пауза, односно, да јадете. Но, важно е да ги знаете вашите знаци на глад и да сфатите дека тоа може да влијае на вашата будност и продуктивност. Плус, јадењето во текот на денот може да ве спаси од тоа да се прејадете кога ќе завршите со работните обврски. Доколку е потребно, поставете аларм на вашиот телефон за да ве потсети да станете и да јадете нешто.
Однапред смислете ги оброците
Кога станува збор за дневни оброци, ако можете, обидете се да ги смислите оброците пред време, исто како што правевте додека одевте на работа и физички. Не треба да е нешто фенси, само оставете ги состојките во кујната, за да ви оди побрзо кога ќе дојде време за јадење. Некоја лесна салата, тост и јогурт, омлет и јогурт, житарки со млеко – оброци кои се лесни за подготовка, а во исто време и полни со витамини кои се извор на енергија што ви е потребна во текот на работниот ден.
Фокусирајте се на вистинската храна
Балансираната исхрана нè прави попродуктивни. Таа нè одржува подолго време будни и ни помага да се фокусираме. Разберете дека она што го јадете ќе влијае на вашето расположение и енергетско ниво. Размислете за ова следниот пат кога ќе се чувствувате гладни и сакате само да земете коцка чоколадо или чипс. Фокусирајте се на протеини, растителни влакна, здрави масти, овошје и зеленчук. Дневно мора да консумирате млечни производи, богати со витамини добри за многу процеси во организмот. Дел од нив се користат за производство на генетски материјал, играат улога и во мозокот и нервниот систем, ја зголемуваат енергијата, а помагаат и за одржување на здравјето на видот. Најсигурен начин за заштита од вирози се витамините и храната, односно внесувањето прехранбени производи богати со широк спектар витамини. Правилната исхрана за силен имунитет подразбира поголемо внесување овошје, зеленчук, протеини, витамини, а избегнување нездрави масти, шеќери, адитиви и вештачки вкусови. Тука може да се надополни и важноста од внесувањето млечни производи, затоа што преку пиење чаша млеко или јогурт како на пример Битолски јогурт со 10 витамини, во организмот се внесуваат протеини и витамини исто толку важни за зајакнување на имунитетот.
Пијте многу вода
Дехидрираноста може да доведе до главоболки и замор, кои не се добри за вашата продуктивност. Исто како што би наполниле шише со вода во канцеларијата за да го гледате на вашата работна маса, чувајте вода покрај вас и дома. Така веројатноста да се напиете е поголема.
Бидете внимателни на премногу кофеин
Да имате пристап до бесконечно многу шолји кафе можеби изгледа како одлична идеја, но бидете многу внимателни кога станува збор за кофеинот. Премногу е познато дека предизвикува главоболки, вознемиреност, дигестивни проблеми, па дури и замор – а ова особено не е добро кога се обидувате да работите. Имајте за цел не повеќе од две шолји кафе на ден.
Не купувајте брза храна
Иако сега можноста да достава на готова храна до вашиот дом се чини најидеална, брзата храна нека не биде на вашето мени додека работите од дома.
Кога јадете, само јадете
Можеби ќе бидете во искушение да продолжите да работите додека јадете, по фактот што вашите соработници не се физички таму. Не го правете тоа! Да се расејувате за време на оброкот, може да доведе до прекумерно јадење и да се намали ситоста (задоволство и исполнетост) од оброкот. Наместо тоа, одморете се од работата за да седнете на маса и да уживате во јадењето и да се релаксирате неколку минути. Тоа ќе ви помогне да се чувствувате поподготвени и концентрирани за остатокот од работниот ден.