Како да се ослободите од влага и мувла: Молерите имаат одличен трик, доволна е само 1 чаша неочекуван производ
Мувлата не само што е
непожелна и грозна, туку е и исклучително опасна
за респираторниот тракт
Колку влагата во куќата и мувлата се навистина опасни по здравјето на луѓето предизвикува контроверзии во медицинскиот свет. Она што е сигурно е дека собите во кои постојат не мирисаат пријатно. Како и ѕидовите покриени со жолти дамки од кои често се лупи бојата и аглите од кои се шират површини покриени со црно дефинитивно не се убава глетка.
Доколку оваа појава не се третира, по одреден период се појавува и мувла. Мувлата не само што е непожелна и грозна, туку е и исклучително опасна за респираторниот тракт.
Можеби веќе сте користеле облога против влага, варикина или различни абсорбери, чија цена може вртоглаво да порасне. Можеби дури и сте биле принудени да ги сушите ѕидовите со фен?
Ако мислите дека сте истражиле сè, обидете се да земете песок за мачки. Да, добро слушнавте.
Изберете песок кој добро ја впива влагата, има пријатен мирис и може да ја претвори урината на мачката во грутки. Песок можете да најдете и во продавниците за храна за миленичиња, а цената е исклучително прифатлива. Наредете го песокот во чаши и ставете го на места каде што најчесто се појавува влага.
После десет дена ќе бидете изненадени од резултатите.