Пронајдете свој издувен вентил, искажете ги чувствата наместо да ги закопувате длабоко во себе. Тоа може да биде преку некоја физичка активност, пишување поезија или пак дневник.
Доколку сте од оние кои тврдат дека без алкохол нема добра забава, поставете си предизвик и оваа година обидете се да уживате и да се забавувате со безалкохолни пијалаци.
За јогата како и за секоја друга работа во животот е потребно време, внимание и посветеност. Кога ќе почнете да ги уживате бројните придобивки од јогата како активност, ќе ја забележите огромната позитивна промена во животот.
Вежбајте за да се ослободите од стрес.
Изберете лесни паметни оброци, како зелена салата, шака бадеми или топло чајче од камилица и маточина за смирување и уживајте во добриот сон.