Kaко децата да ги ценат и мудро да ги трошат парите?
Како родители треба да ги научите децата за финансиски менаџмент и како да дојдат до среќа без прекумерно трошење.
Свесноста за парите се стекнува со домашното воспитување.
Треба да го знаат правилото „Не троши повеќе од што заработуваш“.
Кога ги учиме децата за парите, мора да ги научиме за долгорочните и краткорочните заштеди. Во еден свет полн со инстант задоволства децата треба вистински да го сфатат концептот на заштеда на парите за следниот ден.
Потреба е нешто без кое не можеш да живееш, додека желба е нешто што може да биде забавно и возбудливо, но не е неопходно за опстанок. Децата кои растат разбирајќи го ова ќе имаат помала волја во иднина да прават инстант купувања и да го надминат буџетот со трошење.
Учете ги децата дека треба да трошат пари само доколку го користат мудро она што ќе го купат.