Како Грците ќе се грижат за здравјето за туристите?

Безбедноста и здравјето на туристите и туристичките работници е приоритет на Грција во пресрет на  сезоната.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека ова лето ќе биде поразлично од претходното. 

Тој потсети дека првите туристи ќе пристигнат на 15 јуни, а ќе се вршат само тестирања по случаен избор. 

Мицотакис изрази надеж дека од 1 јули, ќе може да бидат отворени „за пријателите од сите делови на светот што сакаат да ја посетат Грција”.

Премиерот вели дека туристичките работници, ќе треба да ги почитуваат правилата за лична заштита, а државата ќе биде строга во контролите.

Властите се свесни дека бројот на гости ќе биде значително помал во споредба со лани, кога Грција ја посетија 33 милиони луѓе.