Како изгледа куќата на најдобриот архитект на светот: Не им се допадна на соседите, но денес е вистинска сензација (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Фото: youtube printscreen How I Got Started: Frank Gehry I Fortune / Fortune Magazine

Тој се смета за најдобриот архитект на денешницата, а ова е неговиот дом

Сите го знаат Френк Гери, кој важи за најголемиот архитект на денешницата, по бројните градби кои ги изградил низ светот, меѓу кои е и познатата „Зграда која танцува“ во Прага.

Интересно е што Гери, американски архитект со канадско потекло, стана познат пред неколку децении кога ја дизајнираше сопствената куќа.

Резиденцијата Гери, која се наоѓа во Санта Моника, Калифорнија, се смета за еден од најраните примери на деконструктивна архитектура, која и денес е инспирација за многу млади архитекти.


Прекрасната вила била направена од неконвенционални материјали кои никогаш не биле користени на таков начин во тоа време и долго време биле тема во архитектонските кругови.

Гери ја изградил оваа куќа околу постоечка куќа во холандски колонијален стил.


Имено, во 1977-ма година Френк и Берта Гери купиле куќа која првично била изградена во 1920-та година и решиле да ја реновираат. Гери сакаше да експериментира со материјалите што веќе ги користеше - метал, иверица и дрвени рамки.

Во 1978-ма година, тој одлучи да ѝ даде нов изглед на куќата со тоа што го остави холандскиот колонијален дом недопрен и изгради нова куќа околу. Овој нов архитектонски стил воопшто не им се допаднал на соседите, но тоа не го сменило фактот дека куќата е уметнички израз испреплетен со архитектурата.


А внатрешноста на куќата е комбинација од старо и ново. Ова е особено видливо кога ќе поминете низ просториите на куќата и ќе ги видите новите врати што ги поставил и постарите што првично биле во куќата.


„Ни рекоа дека во куќата има духови кога дојдовме до неа... Решив дека тие се духовите на кубизмот. Прозорците се многу важни. Навечер, бидејќи ова стакло е проѕирно, светлината се рефлектира во неа...


Така, кога ќе седнете на оваа маса, ги гледате сите автомобили кои поминуваат, ја гледате Месечината, но на погрешно место бидејќи таа се рефлектира поинаку и не знаете ни каде сте“, рекол еднаш овој познат архитект.


Извор: stil.kurir.rs