Како Ким Кардашијан ја негува кожата на патување?

Добивај вести на Viber

Ким Кардашијан е познатa љубителка на козметички производи, а неодамна откри и без кои производи не тргнува на патување.

Без оглед на тоа колку далеку патува, Ким Кардашијан откри дека сака да носи мини-пакување на производи за убавина со себе, особено ги сака производите на козметичкиот бренд La Mer.

„La Mer ги има најдобрите производи во мали пакувања за патување", откри таа на W Magazine. Кога патува, таа секогаш носи крем за раце, серум и крем за лице, и секогаш ги применува сите производи за време на летот. Прво го чисти лицето, потоа го нанесува серумот, а потоа кремот и е сигурна дека нема да стигне на дестинацијата со нечистотија на лицето што може да предизвика црвенило или мозолчиња.