КАКО НА ИГРАНКА ВО СЕДУМДЕСЕТИТЕ: Богат концерт на Браjан Фери во Скопје
Тој е роб на љубовта, љубоморно момче, и дел од уште многу убави приказни од неговите песни. Англискиот музичар Брајан Фери и неговиот бенд, на Скопје му подарија една прекрасна приказна, на концертот во Македонската филхармонија. Патувајќи од времето на првиот албум на "Рокси мјузик" , преку "Slave to Love", "Let's Stick Together" и "Jealous Guy" за крај, целиот концерт беше како филмско доживување. Романтика во баладите, чувство како да сме преселени на некоја игранка во седумдесетите од една страна, и Брајан Фери, свеж и енергичен со своите 73 години, сега, пред нас. Англискиот фраер предводи квалитетен бенд, со четири згодни жени, врвни музичарки и вокалистки. Најмногу внимание привлече саксофонистката и игрите со нејзината сенка кои беа само дел од ова визуелно и музичко богато шоу. Фери изјави дека му е убаво во Скопје, што е доволна причина повторно да му бидеме домаќини. Концертот го организираше "Авалон" продукција.
М.Џаровска