Како најбрзо да направите гриз? 3 состојки и 3 минути работа за најслатко задоволство

Добивај вести на Viber

Фото: youtube/kuhaj i peci

Како брзо и лесно да подготвите гриз сварен во млеко, омилената слатка закуска од детството на сите нас?

Оваа евтина домашна закуска спаѓа во слатките оброци кои се прават во само неколку чекори и од само три состојки.

Најважно е постојано да се меша за време на готвењето за да не се формираат грутки и да не загори, а тоа е, повеќе или помалку, сета мудрост!

Како да заготвите гриз во млеко?

Состојки:

500 мл млеко

5 лажици пченичен гриз

шеќер по вкус

Подготовка:

Истурете го млекото во тенџере и ставете го на шпорет да зоврие, а потоа намалете ја топлината.

Додадете шеќер и гриз, па вратете го на шпорет и варете со постојано мешање.

Мешајте додека смесата не стане густа и без грутчиња.

По желба можете да изрендате чоколадо над гризot, да додадете цимет, шарени трошки, суво овошје...


Извор: glossy.rs

*пр-објава