Како најлесно до сопствен дом? Кои чекори треба да ги поминете за да добиете станбен кредит?

Добивај вести на Viber

Кога размислуваме за својата иднина, а, секако, и за иднината на своето семејство, она што прво ни паѓа на ум е топол дом по своја мерка. Меѓутоа, не е секогаш едноставно да дојдеме до сопствен дом, но и доколку ја донесеме одлуката, прашањето што најчесто нè мачи е „од каде да почнеме?“ – избор на стан/куќа, извор на средства, кој е првиот чекор за добивање станбен кредит итн.

Многумина се прашуваат која е воопшто постапката и какви сè административни процедури треба да поминат пред конечно да го земат сопствениот клуч. Но, не е сè толку многу комплицирано, а ние одлучивме да ви ја олесниме постапката и детално да ви ги објасниме сите чекори што му претходат на вселувањето во новиот дом.

Избор на стан или куќа

Кога веќе ја донесовте одлуката за купување сопствен дом, добро би било да го изберете токму оној што вам најмногу ви одговара и ви се допаѓа, да ја дознаете неговата цена, но и да изберете сигурна градежна компанија доколку станува збор за нова градба. Штом го направите конечниот избор, следува дефинирање на начинот на кој ќе го финансирате домот. 

Ако за оваа намена на вашиот личен буџет му се потребни дополнителни средства, станбените кредити се најдоброто решение.

Контакт со банката и информирање

Следниот чекор е да се обратите до банката по е-мејл или во вашата најблиска филијала за да ги добиете сите неопходни информации за условите на станбениот кредит, како што се каматната стапка, рокот, пресметките што би одговарале на вашиот семеен буџет, постапката за одобрување на кредитот и дополнителните трошоци што произлегуваат од него (како што се нотарски трошоци, меници, проверка во Македонското кредитно биро и сл.).

Најчесто како дополнителен трошок се јавуваат и надоместоците за обработка на барањето и процена на имотот, меѓутоа ова не е случај, на пример, со промотивниот станбен кредит на Халкбанк. Важно е да знаете дека за добивање станбен кредит неопходно е и осигурување на недвижноста, меѓутоа во споменатиот кредит на Халкбанк добивате една година гратис осигурување на имотот со поднесена апликација до крајот на јуни.

Колку и да ви звучи комплицирано – не грижете се. Низ овој чекор комплетно ќе ве води службеникот задолжен за кредитирање на населението, кој ќе ви ја направи и првичната пресметка за износот на ратата и рокот на отплата согласно вашите месечни примања и вашето учество во кредитот. Доколку се согласите за условите, ќе добиете апликација што ќе треба да ја заверите кај вашиот работодавач, како и список на документи што ќе треба да ги обезбедите.

Документација – Апликација за станбен кредит

Кога сме кај документите, освен заверената апликација и согласност за преддоговорните информации, за презентирање во банка треба да ги подготвите и: преддоговорот со продавачот на имотот, изводот од вашата трансакциска сметка за последните 3 месеци, имотниот лист на кој ќе биде воспоставен залогот.

Кога веќе собравте сè, време е да ги поднесете документите кај вашиот службеник во матичната филијала.

Проверка на вашето барање

Во овој чекор вие не правите ништо, туку банката со ваша согласност прави проверка во Кредитниот регистар за историјата на вашите кредитни изложености и нивното подмирување, со цел кредитот да биде одобрен. Истовремено, банката прави и процена на имотот преку овластен проценител.

Одобрување на кредитот

Во овој чекор, службеникот го презентира вашето барање до кредитниот одбор на банката, по што предметот се разгледува и следува негово одобрување или одбивање. Но, не грижете се. Доколку вашата документација и кредитна историја се во ред и доколку идните ануитети не го загрозуваат вашето секојдневно функционирање во иднина, кредитот без сомнение ќе биде одобрен, па следува подготовка на потребната документација од страна на банката, која вклучува договор за кредит, меница и менична изјава, траен налог, изјава за недвижност и изјава за наплата. Следува известување за одобрувањето и покана за средба и потпишување во банката.

Потпишување

На денот на потпишувањето, заедно со службеникот одите и на овластен нотар каде што се потпишува нотарскиот акт, по што во филијалата на банката следува финалното потпишување на сите документи од вашиот предмет.

Исплата на кредитот

Стигнавме и до исплатата. Откако банката ќе го утврди уписот на хипотеката во Катастар и вашето уплатено учество согласно направениот преддоговор со продавачот, се врши исплата на кредитот. И тоа е тоа! 

Инаку, сопственото учество што ви е потребно за добивање на станбениот кредит во Халкбанк е најмалку 15 % од вкупната цена за вашиот дом.

Секако, корисно е да знаете дека оптималниот рок за реализација на сите наведени чекори, односно за исплата на кредитот од моментот на поднесување на вашето барање е само една недела!

Честитки!

Во овој чекор неопходно е да наздравите! Да наздравите за вас и за вашето семејство, да наздравите за вашиот нов сопствен дом и мирот и спокојот што ви ги носи тој! Сега е време за оние „слатки маки“ во врска со уредувањето на домот и вселувањето во него. А, нема ништо поубаво од чувството да си дома!

На самиот крај, секако, треба да бидете свесни и за одговорноста што сте ја презеле за исплаќање на ратите. 

Каматната стапка за првите 3 години е фиксна и изнесува најмалку 3 %, додека, пак, во наредните 2 повторно е фиксна и изнесува 4,40 %. 

Одлуката за висина на кредитот е апсолутно ваша и е одредена од изборот што сте го направиле за станот или куќата, а од висината на кредитот, секако, зависи и месечната рата за исплата. Доколку ви е потребна прелиминарна калкулација, може и самите да ја проверите ратата на овој калкулатор.

Прекрасно е да си дома, па: Со среќа!