Како оди на нив: Штиклите на Софија Вергара предизвикаа шок - тенки како конец, а високи 20 цм (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Софија Вергара од ден на ден докажува дека со годините е се поубава и попривлечна и дека изгледа уште подобро од пред десет години.

Оваа дама моментално е дел од жирито во музичкото шоу „America's Got Talent“, а на сетот редовно му покажува атрактивни комбинации кои се вистинска мамка за очи!

Така беше и овој пат! Имено, познатата 50-годишна актерка на вчерашното снимање во Лос Анџелес се појави во заводлива, впечатлива креација која ја истакна нејзината неверојатна фигура.

Софија избра фустан со миди должина изработен од црни светки што ја следи линијата на телото, а украсен е со црни детали од пердуви, но вниманието го привлече уште еден детаљ - нејзините гламурозни сандали.

Актерката носеше црни сандали со циркони и висока платформа, но и вртоглаво висока, тенка потпетица. Така ја издолжи својата фигура, но и придонесе целото издание да биде уште поатрактивно. 
Но многумина се прашуваат како оди во нив?!

Не е лесно да се оди во високи потпетици, а од друга страна, за Вергара изгледа не е проблем, со оглед на тоа што практично никогаш не сме ја виделе во рамни чевли. 

Оваа глам-комбинација ја надополнила со ефектни обетки, дијамантски прстен и сјајна шминка и фризура.

фото:profimedia
извор:zenablic

Брутално убиство го промени животот на Софија Вергара: Актерката мина низ пекол и се разболе од опасна болест