Животот воопшто не ѝ бил лесен: Како е можно Јелена Бачиќ да си дозволи да живее во подрум без прозорци ВИДЕО
Животот на Јелена Бачиќ Алимпиќ воопшто не бил лесен
Иако денес е успешна водителка и писателка, животот на Јелена Бачиќ Алимпиќ не бил отсекогаш совршен. Познатaта писателка во едно интервју зборуваше за тешката борба за опстанок надвор од Србија.
Животот на Јелена Бачиќ Алимпиќ - Откриени непознати детали
- Беше 1992 година, не беше моја одлука да бидам бебиситерка. Во тоа време Канада издаваше само имиграциски визи, а јас отидов таму преку унгарската линија и тоа како турист. Роднините на баба ми, од страната на татко ми, 16-та генерација, се презиваат Сорос, ми испратија гарантно писмо и мислам дека јас бев единствената што доби туристичка виза тогаш, а не имиграциска.
-Кога конзулот ме праша зошто одам во Канада среде хаосот, реков дека никогаш не сум ги видела моите роднини, и сакам да ги видам. Ме праша дали ќе се вратам, а јас реков - не знаејќи каква вистина кажувам, немав намера да се вратам - реков дека ќе се вратам, затоа што еве јас сум некој и нешто, а таму секогаш ќе бидам граѓанин од трета класа.
- Добив виза на аеродромот во Белград на три месеци, а на аеродромот во Торонто шест месеци, а потоа можев да останам кај моите роднини две недели и морав да најдам работа - изјави Јелена Бачиќ Алимпиќ.
- Чекавме работна дозвола. Во меѓувреме, добив нелегална работа во едно еврејско семејство, каде што чував три деца, им бев дадилка. Беше ужасно тешко, живеев во подрум, во мала соба, метар и пол на метар и половина, без прозорци, со тие цевки за инсталација над мојата глава - раскажува таа.
- Беше страшно, но татко ми беше со мене... Тој ми ги даде сите пари што ги имаше, а јас му ги дадов на човек по потекло од Босна да ми ги среди документите за имиграција, а тој никогаш повеќе не се појави...Се срамам затоа што бев измамена, наивна будала, и му реков на татко ми дека нема да се вратам додека не ги заработам тие пари за да му вратам, па останав една година. Па, кога татко ми дозна за тоа, во телефонски разговор ми рече да не го терам да лета преку океанот на шеесет години, туку - спакувај се и врати се дома, парите не ми се важни, ти си ми важна – открила Јелена во својата исповед.