Наместо диплење на облеката во куферот, по истиот принцип по кој тоа го правите за на полица, најдобро е да ги свиткате. Ако сакате да добиете повеќе простор, вака сложените работи компресирајте ги во вакумска ќеса за облека и вшмукајте го воздухот.
Пакувајте се во просторија во која можете да ја извдите цела облека и да ги испланирате сите комбинации. Кога однапред ќе ги направите комбинациите, избегнувајте многу непотребна облека и претерано полнење на куферот. Секоја сложена комбинација потоа сликајте ја со мобилниот телефон за да го скратите времето за размислување во гардеробата кога сте на пат. Погрижете се да спакувате облека и која можете меѓусебно да ја комбинирате.