Како помина роденденската прослава на Жељко Ражнатовиќ: Торта со огномет и прекрасни декорации (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot

Ги собра другарчињата и дуваа свеќи заедно

Синот на младиот боксер Вељко Ражнатовиќ и убавата Богдана, Жељко Ражнатовиќ вчера го прослави својот трет роденден.

Семејството и пријателите се собраа во Тител за да го прослават овој важен датум.

Поради трагедијата што неодамна ги снајде, кога Анастасија Ражнатовиќ го загуби бебето во петтиот месец од бременоста, семејството Ражнатовиќ немаше голема прослава, туку прослави интимно, само за најблиските.

Сè беше украсено во сини тонови, со мотиви од цртаниот филм „Paw Patrol“. Тортата беше на неколку ката, со огномет, а малиот Жељко ги дуваше свеќите со другарите додека ја пееше роденденска песна.

Извор: Telegraf.rs