Како се бакнуваат хороскопските знаци: Јарецот е крал на нежноста, Водолијата ги поместува границите, а кога овој знак ќе ви даде бакнеж, го става вашето срце на дланка
Хороскопските знаци се разликуваат и по тоа како се бакнуваат, така велат астролозите кои откриваат кој е крал на романтиката и нежноста, кој сака најразновидни бакнежи и за кого овој тип на интимност е нешто повеќе, начинот на кој тоа го прават кажува многу за личноста што ја бакнува...
Како се бакнуваат хороскопските знаци:
Овен
Овој знак е вистински
авантурист, сладок, нескротлив, понекогаш застрашувачки со својата храброст, а
понекогаш и многу наивен. Немојте да се изненадите ако некој Овен ве бакне
среде преполна улица. Шармот на неговите бакнежи е што секогаш се како слатко изненадување.
Бик
Бикот е исклучително сензуален и сака полека да го бакнуваат. Но, бакнежите не
ги дава лесно, тој ужива да ја бакнува личноста на која најмногу и верува. Се
вели дека нивните сензуални бакнежи се слатки како мед.
Близнаци
Близнаците сакаат секакви бакнежи. Со оглед на тоа што нивната владејачка
планета е Меркур, тие сакаат да истражуваат сè, вклучително и бакнувањето, така
што не им се непознати бавните или интензивните бакнежи. Тој бара партнер кој
има слични потреби и може да ги поддржи и на ова поле.
Рак
Припадниците на овој знак се најчувствителни во Зодијакот. Тие ги искажуваат
своите емоции со бакнежи, а откако Рак ќе ве бакне, се чувствувате навистина
посебно.
Лав
Бакнежите на Лавот кој е многу смешен и харизматичен се
многу разиграни. Освен тоа, излегувањето со Лав е толку спонтано и лесно се
заведувате од неговата харизма и уникатност.
Девица
Девиците се многу
чувствителни. Ако ве бакнат, знајте дека внимателно слуша. Ја откриваат вашата
„енергија“ со бакнежи кои се бавни и меки.
Вага
Вагите се познати по
својата нежност и романтика, а исто така и нивните бакнежи. Интересно е што се
вели дека се бакнуваат како филмски ѕвезди.
Шкорпија
Шкорпиите имаат
тенденција да ги прават своите бакнежи многу, многу страсни. Бакнувањето со нив
поради тој интензитет речиси никогаш не се заборава.
Стрелец
Бидејќи Стрелците зрачат со оптимизам и среќа, тоа се пренесува и на начинот на
кој се бакнуваат. Во однос на страста, тие во голема мера можат да им парираат
на Шкорпиите и не бираат место доколку сакаат да разменуваат бакнежи.
Јарец
Јарецот е многу пребирлив и дава огромна нежност на саканата личност. Притоа,
сака се да биде според планот, што често е во втор план токму поради
споменатата нежност, па бакнежите се многу опуштени.
Водолија
Со Водолијата ќе откриете нови и нови видови бакнежи. Овој знак ги поместува
границите во сè, вклучително и во бакнувањето. Сака да го направи првиот потег
кога другата страна најмалку го очекува.
Риба
Пред бакнежот со Риба ќе ве освои со продорен поглед. Така, бакнувањето
започнува уште пред самиот да се бакнува, а потоа ја покажува сета своја
сензуалност.
Извор: Zena.blic.rs