КАКО СЕ ЛЕКУВА КЕЈТ МИДЛТОН?! - што е превентивна хемотерапија и како функционира

Добивај вести на Viber

По објавата на принцезата од Велс дека започна превентивна хемотерапија откако лекарите откриле дека има рак по абдоминалната операција во јануари, во јавноста и понатаму многу прашања и дилеми. 

Едно од најчестите прашања кое сега сите сакаат да го знаат е „Што е превентивна хемотерапија и колку може да биде ефикасна?“.

Дел од медиумите пишуваат дека Кејт Мидлтон сега е под терапија позната како адјувантна хемотерапија, што всушност е серија на лекови за рак кои се даваат за да се отстранат сите туморски клетки што може да останат во телото по примарниот третман, кој обично вклучува хируршко отстранување на туморот.

Како функционира?

Терапијата има за цел да го намали ризикот од враќање и ширење на примарниот карцином. Ова може да се случи кога клетките на ракот, кои се премногу мали за да се откријат со болничко скенирање и тестови, остануваат во тек по операцијата. Ризикот од враќање на ракот е обично помал ако ракот се открие во многу рана фаза пред да има шанса да се шири, но се зголемува ако болеста се открие во подоцнежна фаза или се проширила во блиските лимфни јазли.


Повеќе детали читајте на Фактор тука.