КАКО СЕ СТИГНУВА ДО ПРВАТА АМБУЛАНТА СО СИЛНА ТРЕСКА И ВИСОКА ТЕМПЕРАТУРТА: Болни од грип едвај се лекуваат

Сезоната на грипови и другите вируси не попушта, а според последните податоци кои се од средината на јануари досега се регистрирани околу 1.400 заболени од неколку типови на инфлуенца. Но, за разлика од луѓето кои живеат во градовите и населените места со поголем број жители и влегуваат во оваа статистика, останатите, во селата кои едвај бројат жива душа, воопшто и не ги регистрираат бидејќи немаат пристап до лекар.

Погодени региони има многу, а еден од најзапоставените е Мариовскиот. Во тамошните села има само по неколку десетици пензионери кои доколку се разболат мора да се лекуваат сами, амбуланти нема, а најблискиот лекар е во Прилеп. Соговорниците на Фактор велат дека сега во периодот кога „царува“ сезонскиот грип и со висока температура и со болки по целото тело, патуваат 40, 50, 60 километри до Прилеп.

-Откако се пензионираа моите родители повторно си заминаа во Мариово. Не се постојано таму, но во текот на годината остануваат и по неколку месеци остануваат таму. Сега ми рекоа дека и двајцата кашлаат и имаат температура и всушност ме повикаа да дојдам да ги носам на лекар. Таму нема никаква амбуланта, никаков лекар, за аптека да не говорам. Се се набавува од Прилеп и лековите со месеци стојат во таа домашна аптека, кога ќе затребаат да има барем нешто за спуштање температура. Овие неколку дена варат чаеви, на грлото ставаат марами со ракија и бибер, како во среден век. Се лечат како знаат и умеат. А, доколку ме немаат и мене, навистина не знам што би правеле. Мора да се најде начин во селата кои се уште се „живи“, барем три пати неделно да доаѓа некаков тим од лекар, медицинска сестра да ги прегледува тие луѓе, особено што станува збор за повозрасни кои немаат начин како да стигнат до првата амбуланта, вели Сашо Г., чиј родители моментално се болни и во текот на денешниот ден зема слободен ден од работа за да ги носи на лекар.

Продолжува на ФАКТОР.МК