Како се запознале Маја и Дарко Панчев? Повеќе од две децении љубов

Заедно се повеќе од две децении, а се запознале ненадејно, во кафуле. Македонскиот фудбалски ас во ТВ-шоуто на Драган Б. Костиќ откри дека познатата пејачка првпат ја забележал на „Макфест“ во 1998 година.

- На сцената се појави плава симпатична млада девојка која отпеа многу убава нумера. „Сакај ме ти“ се викаше песната. Помина одреден период, можеби 6-7 месеци кога случајно се сретнавме во едно кафуле во Капиштец. Седеше близу мене. Го направив првиот контакт за да ја пофалам за настапот на штипскиот фестивал. Се запознавме и многу ми се допадна. Во тој период мојот претходен брачен излет беше на климави нозе, бев послободен и едноставно коцките се наместија. Почнавме да излегуваме, се вклопивме и со размислувањата и така тргна авантурата - раскажа Панчев.

На една од првите средби Маја на шега му признала дека на времето го менувала за две сликички на „тапка“ кога собирала албум.

фото: фб