Како со тврдоглаво дете?

Некои деца едноставно имаат „тежок“ карактер уште од мали нозе. Тие „знаат што сакаат“, што е најчесто она што вие не го дозволувате. 

Со вакви деца мора да се постапува на посебен начин – употреба на итрина која само родителите ја знаат. 

Некои од одликите на тврдоглавите деца се: дека не сакаат да станат на време за школо, иако знаат дека мораат, после тоа одолговлекуваат со облекувањето, за да го „контролираат“ времето на тргнување, а правилата кои се поврзани за подготвување на собата, извршување на школски обврски или гледање на ТВ за нив како да не важат – барем тие така сакаат да биде. Иако може да ги доведат до крај на нерви своите родители, потребно е да се има поинаков и на изглед толерантен пристап во односот со нив, доколку сакате се да биде онака како треба и на крај да ве послушаат. 

Она што сите деца, па дури и тврдоглавите сакаат се секако -игри. 

Доколку успеете да смислите игра за секоја ситуација во која ќе се најдете со него „во судир“,  ќе си ја олесните работата околу воспитувањето. Покрај тоа, потрудете се да не ги условувате со казни, туку со награди кои едноставно нема да ги добијат ако не бидат добри. Казни нема, но нема ни награда, ако продолжат така да се однесуваат – и тоа е поради она што ќе се запрашаат дали вреди и понатаму да бидат толку тврдоглави или е време сепак да „попуштат“. 

Психолозите се сложуваат со тоа дека е контрапродуктивно да им се вика на непослушни и тврдоглави деца. Тие имаат повеќе енергија, а и нивната единствена цел е – да биде онака како што тие зацртале, така да се големи шансите тие да победат во тоа, а со самото тоа вашите обиди да го доведете во ред-ќе паднат во вода. 


Игра против часот 

Кога детето одбива да ја напише домашната на време или да не ја среди собат,а иако тоа му го дадовте како задача–тоа е повод за игра. Натпревар во кој целта е да се постави или урне рекорд е нешто со што ќе им го свртите вниманието од тоа дека тие во тој момент се однесуваат согласно вашите желби, а не нивни. Предизвикот за 15 минути да ја уредат собата или да ја напишат домашната задача, ќе ги преокупира целосно и ќе им биде доволен мотив навистина да го исполнат она што им е поставено. 


 Унапредете го детето во помошник 

Секое дете сака да биде возрасно и често им завидува на возрасните што тие можат да се однесуваат „како сакаат“, а тие тоа го мислат бидејќи на родителите никој не им кажува да ја уредат собата, а нив тоа им го говорат. Токму тоа е начин со итрина да ја победите тврдоглавоста и непослушноста во вашето дете. Дајте му до знаење на своето дете дека може да помогне и тоа тогаш ќе се чувствува како возрасна личност. Секако, дајте му задача која може да ја направи. За да не испадне дека вие пак наредувате, кажете му дека од неговиот придонес и помош зависи кога ќе тргнете на договорениот семеен пикник или дали на време ќе стигнете во кино. Тогаш тоа ќе се чувствува посебно важен член на семејството и ќе направи се што треба само плановите да не пропаднат-тоа сигурно не им оди во прилог. Ова е одличен начин да му покажете на детето колку е важно да ги исполни сите обврски на време бидејќи после тоа следи слободно време во кога тогаш ќе може да ужива без никаков притисок. 


Убав збор наместо критика 

Избегнувајте критики и казни на сметка на однесувањето на вашето дете. Немојте да го игнорирате неговото лошо однесување, но за да ги искорените тие лоши особини кај детето, потрудете се да ги нагласувате оние добри и пофалете го се почесто кога ќе направи нешто добро. Кога детето ќе сфати колку е убаво да се биде добар бидејќи тогаш сите го фалат ќе посака така да се однесува што почесто.

 

Дајте му шанса да бира 

Децата со силен карактер и силна волја имаат потреба да го покажат своето мислење и не сакаат кога нешто МОРААТ. Тие сакаат сами да изберат што ќе работат, каде и кога ќе одат или што ќе облечат. Токму тука вие настапувате доколку сакате да направи нешто како што вие ќе кажете. Сигурно досега сте сфатиле дека кај нив не „поминува“ викањето, наредба или молба, затоа треба да им се даде шанса да „бираат“. Меѓутоа, тие ќе го бираат само она што вие ќе ви го понудите.