,

Kaко стресот влијае на косата?

Добивај вести на Viber

Хроничниот стрес доведува до зголемено опаѓање на косата, а потребно е најмалку период од три месеци од стресниот период, за косата да почне да се обновува. 

Ако продолжите да се нервирате поради опаѓањето на косата, може само да си нанесете дополнителна штета, затоа што тоа е нормален процес кој мора да се помине. Во меѓувреме, хранете го влакното со маски со хранливи состојки и внесувајте витамин Д во вашиот организам, чие ниво е намалено поради стресот.

Напнатоста и тензијата може да доведат до појава на хипертензија, проблеми со варење на храната, дијабетис и да влијаат врз вашиот физички изглед.