Како трчањето можете позитивно да го користите во одгледувањето на своето дете?
Отсекогаш се прашувате како трчањето можете позитивно да го користите во одгледувањето на своето дете? Ние го имаме вистинскиот одговор!
Tрчањето е здрава и природна активност
Трчањето за децата е најприродната и најисконска активност која постои. Секоја игра која децата ја играат, на некој начин вклучува трчање. Родителите неретко тука веќе почнуваат без изразена потреба да им поствуваат граници на децата преку предупредувања да забават, да внимаваат да не паднат итн. Несвесно праќајќи им порака дека трчањето е непожелна (несакана) активност. Меѓутоа, трчањето носи предности во развојот на детската координација, сензорна интеграција, когнитивни способности и целокупен физички развој. Освен тоа, не треба да се запостави ниту еволуцискиот поглед каде трчањето е вродена активност потребна за преживување, односно за лов на животни. Човекот, наспроти другите животни, никогаш немал брзина или сила, но совршениот состав на потење му овозможувал издржливост.
Освен што трчањето ги има споменатите предности на развојот и здравјето на детето, трчањето ја развива самодисциплината на детето, чуството на самоефикасност и успешност.
Како да го поттикнете детето на трчање
Секако, детето нема како возрасна личност туку така да оди да одработи тренинг од на пример 15 минути трчање. Како и сите активности кои детето ги прави, трчањето морате на некој начин да му го приближите и направите интересно. Сега се враќаме на воведниот дел од текстот-децата обожаваат да ги имитираат возрасните! Додуша, децата учат од најраниот период токму моделирање, односно имитирање на околината. Секако, детето пред се ги имитира родителите, кога на пример од две години почне да „готви“ со вас во кујната или да ги прави било кои други домашни работи. На тој начин детето може да научи и некои лоши работи, затоа е многу важно родителот да биде конзистентен со своите зборови, бидејќи поважно е што прави родителот, отколку што говори (пушење цигари, пиење алкохолни пијалоци итн). И тогаш детето гледа собир на возрасни личности како сите ја прават истата работа, како во воведниот дел, секако дека и тоа ќе сака тоа да го прави, бидејќи добива порака дека тоа е нешто супер, нешто што го прават возрасните, и нешто што тоа би требало да го прави.
Значи, наједноставен одговор на прашањето како да го поттикнете детето на трчање е-трчајте со него! Односно, ако сте веќе постоечки тркач, дозволете му да трча со вас. Детето и онака веројатно веќе одамна искажало желба да трча со вас, а можеби токму тоа и го правите па сега само добивте потврда дека тоа била една одлична идеја. Најдобар пример за ваков тип учење се родителите и децата кои имаат исто занимање, конкретно во овој случај, родители и деца спортисти.
Што ако не трчам?
Една опција е да бидете класичен родител и да го запишете детето во некој спортски клуб. Тоа секако не е ништо лошо, туку, секогаш е важно детето да се занимава со некој спорт, односно физичка активност, на било кој начин. Детето ќе се запознае со многу свои врсници, ќе стекне нови пријатели, а од друга страна ќе ужива во психо-физичките погодности на трчањето и тренирање во група.
Постои и друга опција-можеби дојде време да најдете малку време за себе и да станете тркач! Освен тоа, тоа не е само време за себе, тоа е време за ВАС. Постои ли поубав начун за поминување на заедничкото време со своето дете од уживање во заеднички активност на отворено, а кои имаат исклучително позитивен ефект на секој индивидуално?
Најчести изговори кои родителите ги даваат, зошто не се занимаваат со физичка активност, е дека немаат време, бидејќи работат и имаат деца на кои мора да им се посветат. Нели е ова апсолутно најдобриот можен начин да го поттикнете детето да се занимава со спорт, да го поминувате времето со него, а притоа добро да се забавувате?!
Освен тоа, нема да имате притисок да морате да трчате како и некој друг тркач, дали е некој подобар од вас итн., само ќе се опуштите, ќе уживате во времето со своето дете и притоа добро ќе се забавувате. Во западните земји тоа е нормална заедничка активност, каде културата на трчање е составен дел од секојдневниот живот.
Немојте да дозволите вашето дете само да стои од страна и да ги гледа насмеаните возрасни луѓе како заедно ги споделуваат моментите преку трчање, станете и вие таа возрасна насмеана личност, а притоа еден кул родител. Работите понекогаш се поедноставни отколку што ни изгледаат!