Како вашата кожа да го преживее ладното време: Топ 3 совети
Силниoт ветар, сувиот воздух и ниските температури негативно влијаат на кожата на лицето за време на зимскиот период. Ако забележите дека кожата на лицето е екстремно сува и распукана, се затегнува и ве чеша, вратете ѝ ја мекоста, свежината и влажноста со овие 3 едноставни, но важни совети.
Во зима, сувата и испукана кожа прво се забележува на лицето, така што на тој дел му треба дополнително да заштити.
1. Исхрана богата со здрави масти
За здрав изглед на кожата на лицето, но и за одржување на силен и отпорен имунитет, во текот на целата зима треба да ја земете предвид вашата исхрана. Редовното внесување здрави масти ќе ви помогне здрави да ја поминете зимата и да ја пречекате пролетта полни со сила и енергија, но и хидратирана кожа. Здрави масти како авокадо, бадеми, лосос ќе ви обезбедат енергија што ќе ве загрее, а со правилна исхрана, како што рековме, ќе го добиете најдобриот резултат.
2. Суптилна шминка
За да му ја дадете на лицето неопходната свежина и сјај дури и среде сив зимски ден, нагласете ги очите, користете потемни нијанси за да ви заблеска лицето, дајте им свежина на образите со нанесување руменило, а на усните нанесете сјај, додека другите делови на лицето нека останат неутрални. Бидете сигурни да нанесете крем пред да нанесете шминка што ќе обезбеди влажност на кожата во текот на денот, бидејќи хидратацијата е, сепак, најважна.
3. Кристален пилинг
За да може кожата повторно да дише, се препорачува да направите кристален пилинг кој ја стимулира регенерацијата на кожата. Пилингот има многу корисни функции - длабоко чистење и отстранување на мртвите клетки, што ѝ овозможува на кожата подобро да го апсорбира кремот, така што дефинитивно треба да го додадете во вашата рутина за убавина, а да го направите во реномирана ординација и кај стручен доктор, наша препорака е ординација „Д-р Анчевски“.
Кристалниот пилинг е особено погоден за овој ладен зимски период за кожата која со својата високо специјализирана градба и функција овозможува заштита на целото тело од надворешни фактори и дава голем придонес во одржувањето на хомеостаза на целиот организам. Кожата е повеќе слоен орган составен од три слоја : епидермис, дермис и хиподермис.
Најповршинскиот дел од кожата епидермисот е делот кој континуирано се обновува, каратенизира, десквамира, се одлупува и отпаѓа од кожата. Со цел да се постигне здрава и ревитализирана обновена кожа го посочуваме третманот со микродермоабразијаодносно кристален пилинг. Микродермоабразијата е неинвазивна техника на пилинг со симнување на површинските слоеви на кожата со помош на кристали. Принцип на работа на апаратот е вакум систем со кристали кои одат до кожата вршат ексфолијација на површинските слоеви и потоа со вакум системот се отстранува мртвиот површен и нечист слој.
Со третманот на микродермоабразија добиваме мазна и сјајна кожа со нејзино потполно ревитализирање и обновување на колагенот и еластинот.
*ПР објава