Како виното... И подобро: Една од најпрепознатливите ликови во Македонија не старее

Добивај вести на Viber

Секој ден, повеќе од две или три децении ја гледавме на малите екрани. Одлична дикција, глас, став, ненаметливост... Вистински професионалец од водителка. Од неа научија многу оние кои се занимаваат со презентерство на телевизија. 

Розета Арсова е лик кој не се заборава. Со години водеше култни емисии и дневникот на МРТВ. 

Незиниот заштитен знак- боб фризурата која не ја промени од самите почетоци па до денес, е навистина за пофалба. 

Таа е мајка на познатата водителка на дневникот на Сител, Славица Арсова и се гледа дека мајка и ја научила до перфекција да води така тешки емисии во кои се бара врвна умешност.

Денес Розета Арсова е уредник на Редакцијата за деца и млади во Образовната програма на МРТ. Фокусирана 100% на работата, восхитува со еланот но и со тоа што не се променила во ликот и телото. Едноставно не старее и изгледа одлично.

*Розета со колешките водителки- големи професионалци

Со ќерката и внуката

Фото: Фејсбук