Каква бајка: Ја викаат жива барбика, ги маѓепса сите на црвениот килим со балон фустанот и длабокото деколте

Добивај вести на Viber

Една од најзабележителните гостинки на Канскиот филмски фестивал на премиерата на „Елвис“ беше манекенката Елса Хоск. Убавата русокоса се прошета на црвениот тепих во гала стил, избирајќи ефективна, впечатлива комбинација која тешко се заборава.

Познатата Швеѓанка ги привлече погледите во модерна креација со необичен крој во циклама боја, а иако самиот фустан го криеше нејзиното витко тело, тааносеше прилично длабоко деколте. 

Елса блескаше во тоалет балон украсен со храбро, поголемо деколте, но и долг шлеп кој на се‘ даде гламурозен шмек. Но, благодарение на тоа што овој модел нема бујна биста, фустанот не остави вулгарен, туку малку провокативен и интересен впечаток. 

Познатата 33-годишна дама го комплетираше изданието со елегантни ракавици над лактот, но и со дијамантски ѓердан и нараквица. 

Ни се допадна и нејзината префинета пунџа, како и женската шминка во нежни тонови кои го истакнаа убавото лице на Елса.


Фото: Профимедиа

Има 64 години и ја нарекуваат стилска икона: Кога зачекори со отвор до колкот, настана лудило меѓу фотографите