Каква чест: Ким Кардашијан во најскапата и најубавата тоалета на Мет гала 2022 - во фустанот на Мерилин Монро
Ким Кардашијан беше
најдобро облечената жена на Мет Гала синоќа
Минатата година Ким Кардашијан на Мет Гала пристигна без лице. Оваа година, таа пристигна на скалите на Музејот на уметноста Метрополитен со нејзиното момче Пит Дејвидсон.
Ким се појави во фустанот на легендарната Мерилин Монро.
Кардашијан носеше фустан од филмската дива од 5 милиони долари што Мерилин го носеше во 1962 година кога му го честиташе роденденот на претседателот Кенеди.
Ким пристигна во придружба на новото момче Пит Дејвидсон, а сите присутни останаа без зборови! Ријалити ѕвездата тврди дека морала да ослабе 8 килограми за да влезе во фустанот на Мерилин Монро.
Три недели не јадела ништо слатко, ниту јаглехидрати за да ослабе.
Фустанот за филмска дива го носеше само на црвениот тепих, не седеше и не јадеше во него, а не носеше ниту шминка на телото што вообичаено ја практикува. По црвениот тепих таа се пресоблече во реплика на истиот фустан.
Фустанот, првично дизајниран од Жан Луис, технички е најскапата тоалета во светот. Продаден е на Ripley's Believe It or Not во 2016 година за речиси 5 милиони долари од страна на Julien's Auction. Кога не го носи Кардашијан, се чува во музејот Рипли со седиште во Орландо, Флорида.
Кардашијан претходно за Access Hollywood изјави дека фустанот не може да се поправа што значи дека наместо да се менува фустанот, таа мора да одговара на фустанот.
Ким го стилизираше фустанот со бело крзнено палто, а дури и косата ја бојадиса во руса.