КАКВО ПАЛТО, ТАКВА ПОРАКА: Стилот на Меркел открива што мисли, светло зелено за оптимизам и смиреност во Македонија

Добивај вести на Viber

Од тоа каква боја на палто ќе облече, зависи пораката која сака да ја испрати, велат за германската канцеларка Ангела Меркел, која денеска премиерот Зоран Заев свечено ја пречека пред Владата. 

 За стилот на Меркел може да се рече дека е едноставен и практичен. Таа често носи пантолони, рамни чевли, ненаметлив накит и дискретно се шминка. Единствено парче од облеката по кое е впечатлива е палтото.

Зелената боја асоцира на смиреност.- Меркел со Заев денеска во Скопје 

За посетата на Скопје, Меркел избра светло зелено палто, а зелената боја асоцира на смиреност. 

Кога сака да прати порака на мирот, Меркел облекува палто во бела или во во крем боја. Со зелената, сака да покаже рамнотежа, оптимизам и смиреност. Палто со виолетова боја е за помалку формални состаноци, кои не бараат тешки теми за разговор. Весели бои како виолетовата, но и црвената, жолтата, канцеларката често носи во нејзината матична земја, Германија. 

Балканските медиуми во модната аланиза за Меркел велат дека кога таа доаѓа во земјите на регионот, понекогаш знае да облече палто со впечатлива, силна боја, и тоа значи дека има нешто важно да порача. Судејќи по денешниот нејзин избор на боја за време на средбата со Заев, пораката што ќе ја упати Меркел е до големо значење. 

За сериозност се резервирани сините палта, додека црните би требало да покажат строгост. За време на една посета во Србија, Меркел носеше црвено палто, во Грција зелено, во Јапонија во бело, а во САД во крем боја. 

Стилот на Меркел, во една прилика го оцени дизајнерот Карл Лагерфилд. Тој кусо рече дека канцеларката се облекува океј. (М.Џ.)