Капут - фустан и удобни високи потпетици: Кејт Мидлтон им се врати на обврските со стил (ФОТО)
Принцот Вилијам и неговата убава сопруга најавија брзо враќање кон обврските по погребот на војводата од Единбург, па никој не е изненаден што тие веќе се „на земја“.
Британското кралско семејство е во период на жалост поради смртта на принцот Филип, сопругата на кралицата Елизабета Втора и војводата од Единбург, кој беше погребан минатиот викенд.
Сепак, како што истакна принцот Вилијам во обраќањето до медиумите по смртта на неговиот дедо, животот продолжува и за членовите на британското кралско семејство, враќањето на работа е обврска, па војводата и војвотката од Кембриџ веќе се активни повторно.
Двојката вчера ги посети воздухопловните кадети во Лондон, во чест на принцот Филип и неговата воена служба.
За оваа пригода Кејт Мидлтон изгледаше волшебно во црн капут-фустан од модната куќа Долче и Габана, а станува збор за воен модел со златни копчиња.
Фустанот ги покрива нејзините колена, и го искомбинира со нејзините стари високи потпетици со блок штикла, кои се многу погодни кога треба да бидете подолго време на потпетици, како и за нерамни терени како овој со кој овојпат се соочија Вилијам и Кејт.
Мидлтон носи и црна плико чанта, обетки со бисери и нејзиниот познат веренички прстен.
Двојката беше одлично расположена и зборуваше љубезно со сите што ги сретнаа, а додека беа на отворено не носеа заштитни маски бидејќи во Велика Британија постепено се олабавуваат мерките за заштите од коронавирус.
извор:GLOSSY
фото:profimedia