Моден фокус // Трендови
Капутот кој го носи Ана Ивановиќ е сѐ што ви треба оваа зима: Врвен крој, совршено ја издолжува фигурата и ја стеснува половината
Ана Ивановиќ е позната по префинетиот вкус за мода
Ана ги поминува деновите со своето семејство во Венеција, градот каде што се омажи за Бастијан Швајнштајгер. Секако дека и таа сака да направи добра фотографија на Инстаграм, а ние го забележавме нејзиниот совршен виолетов капут, кој е буквално се што ви треба оваа есен и зима.
Во краток бел фустан со превртени кожни каубојски чизми, кои се апсолутен хит оваа есен, нејзиниот совршен капут ни го привлече вниманието.
Освен бојата, која е многу ефектна, кројот на капутот на Ана е совршен.
Струкиран, малку над должината на колената, совршено ја истакнува фигурата. Совршено ги покрива сите „критични“ места, а видно го стеснува струкот и ја издолжува фигурата.
Стил на денот: Ана Ивановиќ во безвременски мантил кој прави секоја комбинација да изгледа скапо