Карантинот влијае и на рутините за убавина: Со што се соочуваат жените

Добивај вести на Viber

Дали ги имате овие проблеми? Ние ви носиме решенија за секој од нив.

Карантинот влијае на животот на секоја личност и, се разбира, не го заобиколува ни влијанието на рутината за убавина на кои инаку сме навикнати. 

Израснат корен 

Секоја коса расте со различно темпо, но со голема веројатност нефарбаните корени почнуваат да се појавуваат во рок од еден месец. Ако премногу ве мачат, можете да ги сокриете со спрејови што бојат, или сега ви е шанса и да ја вратите вашата природна боја. 

Испукани краеви на косата

Испуканите краеви на косата се појавуваат кај многу од нас (не само карантин), заради недоволна грижа, често чешлање и употреба на пегла, преса, и сл. Како да го избегнете тоа? Третирајте ја косата почесто со маски и соодветна грижа, а исто така оставете ги настрана пресата и пегла за коса. Ако краевите веќе започнале да пукаат, за жал магичните серуми нема да ги вратат назад. Тогаш, единствената опција е шишање, но не се обидувајте сами.

Напукување на гел лакот на ноктите

Гел лакот треба да се менува на секои две до три недели, без оглед колку долго ќе трае. Повеќето девојки го оставаат подолго време, и ако сте една од нив, не чекајте да заврши карантинот, туку сами извадете го гел лакот, прочитајте овде како.

Веѓите ја губат својата форма

Веѓите, како и косата, растат со различни брзина за секого. Ова е идеална можност да ја добиете долго посакуваната форма, со тоа што не ќе ги кубете, оставајќи ги да пораснат, а по завршување на карантинот, појдете кај козметичар за веѓи.

Суви раце

Од честото миење, рацете се многу исушени и испукани. Не препорачуваме да престанете да ги миете рацете - напротив многу е важно да го правите тоа внимателно и постојано. Наместо тоа, предлагаме поактивно да ги користите кремите за раце.