Карлеуша децидна: Никој не смее да ја користи смртта на нашите деца за политички поени

Добивај вести на Viber

Кога ве напаѓаат и навредуваат поради некое ваше мислење и став, знајте дека сте целосно во право. Им го допревте нерво на го***та. Српскиот народ нема две страни, добра и лоша, има една - вистинската. Секогаш лошите поединици профитирале од маката и страдаето на овој народ кој за жал лесно с наведува на поделба и кавги! Народе мој, не дозволувај никој да те дели и кара во болка. Никој не смее смртта на нашите деца да ја користи за политики поени и замена на тезите„ Не смее да биде политика и опозиција во трагедијата. За сите нас, кога се работи за нашите деца, позицијата ни е иста.

Ова е статусот кој српската пејачка Јеена Карлеуша го сподели на социјалните мрежи.


Поп-пејачката Јелена Карлеуша гостуваше во емисијата „Хит твит“ каде зборуваше на тема насилство врз децата.

Карлеуша се осврна и на актуелните протести што се случуваат кај соседите, кога истакна дека прва ќе чекори, но без политички пароли.

- Ајде да чекориме секој ден против насилството врз децата. Без политички пароли. Сега не е време за делење. Јас сум од Белград. Белград отсекогаш бил град во кој луѓето излегуваат на улица, но тука мораме да одиме заедно. Се работи за деца, сите сме против насилство - изјави Јелена во емисијата на Пинк.

Карлеуша при своето излагање истакна дека и нејзините ќерки Атина и Најк биле жртви на насилство од врсници.

- Моите деца беа нападнати, доживеаја насилство од врсници. Велат дека моето дете ќе заврши во шахта - рекла Јелена.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)



Да потсетиме, Карлеуша со години беше забранета од ТВ Пинк, а оваа емисија беше нејзиниот голем камбек.

Таа неколку минути пред почетокот на програмата пристигна во зградата на Пинк на Дедиње, во придружба на нејзиниот пријател и ПР менаџер Зоран Бирташевиќ.

По тој повод, додека папараците ја фотографираа, Јелена покажа два прста, што е симбол на мирот. Нејзината комбинација погледнете ја во галеријата подолу.


ФОТО: Printskrin: TV Pink