Карлеуша и Душко се договорија како ќе го поделат имотот: Еве кој што ќе добие од недвижностите по разводот
Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ успеаја да се договорат за
поделба на имотот што досега беше клучниот проблем за разводот на нивниот брак.
Наскоро и официјално поранешни сопружници за време на нивната заедница стекнале неколку скапи имоти, на ексклузивни локации во Белград. Како што пишуваат медиумите од соседството, во нејзина сопственост ќе остане вилата на Дедиње, која поранешниот фудбалер ја купи пред шест години од Драган Стојковиќ Пикси, вредна 2.500.000 евра, а во која сега живее музичката ѕвезда со своите ќерки. Од друга страна, кај спортистот останува луксузниот стан на две нивоа во Лисичје поток во кој живеело семејството, како и имотот на Дедиње кој се наоѓа во непосредна близина на овој дуплекс. Тој изградил и куќа во Орловат, во местото каде што живее мајка му, која исто така останува на неговата имотна карта.
- Јелена се уште не е целосно преселена во вилата на Дедиње. Таму живеат жени кои се грижат за куќата, а Јелена се уште е во Лисичје поток. Душко поради деловни обврски е на релација Турција-Германија-Србија, а кога престојува во главниот град живее во својот стан на Дедиње. По неколку неуспешни преговори, двајцата успеале да најдат заеднички јазик и да ја комплетираат потребната документација која наскоро ќе ја потпишат. Па сега ќе знаете точно што е чие. Јелена и нејзините ќерки ќе бидат во вилата на Дедиње, каде што целосно ќе се пресели да живее по потпишаниот развод. Што се однесува до автомобилот, секој ќе си го задржи своето возило, а Тошиќ ќе продолжи да плаќа соодветна алиментација - вели извор близок до пејачката.
Тошиќ на почетокот на јуни за прв пат проговори за разводот со ЈК.
- Преку адвокат се обидуваме да се договориме за спогодбен развод. На таа тема одржавме неколку состаноци кои, за жал, завршија неуспешно. Сè уште се обидувам да избегнам законски развод, бидејќи тоа би било трауматично искуство за сите нас, особено за нашите деца. Се надевам дека во наредниот период ќе договориме развод, што е во интерес на сите - изјави Душко на почетокот на јуни.
Набрзо Јелена се огласи и откри дека успеале да се договорат за спогодбен развод.
- Во процес сме на спогодбен развод - рече Карлеуша кога се појави на изборот за Мис на Србија, каде беше претседател на жирито. Ова е втор развод на пејачката. Во 2004 година се омажи за Бојан Кариќ од кој се разведе една година подоцна.
По шеснаесет години таа се разведува и од фудбалскиот менаџер.