Карлеуша направи „лом“ на роденденот на Милица Павловиќ: Се појави приватно видео од „жешкиот“ танц со славеничката (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Поп дивата Јелена Карлеуша се појави на гала прославата на 33-от роденден на младата и успешна пејачка Милица Павловиќ.

Карли за оваа прилика избрала комбинација која го одзема здивот – долг, син фустан, кој го искомбинирала со чанта од познат луксузен бренд во истата нијанса.

Кога ќе се спојат две лавици, шоуто е загарантирано, а тоа беше случај на роденденската забава во луксузен хотел во Белград, каде Павловиќ направи прослава за најблиските пријатели и соработници.

Во доцните часови, откако пристигна дома, Карлеуша сподели видео од прославата и со своите следбеници сподели како се забавувала речиси до раните зори.

Карли во еден момент дури се фати за микрофонот и „растури“ мега хитот на роденденската девојка Милица Павловиќ „Проверено“, а потоа имаше жежок танц со „Машала“.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

-Роденденот на Милица стана традиција каде си играм и јадам толку многу што не ни помислувам да го прославам мојот роденден за некој ден. Но, добро, ќе ви подарам нешто за мојот роденден, и тоа како веќе да сум прославила - напишала Јелена Карлеуша.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Извор: Telegraf.rs