Карлеуша проговори за пикантериите од брачниот кревет со Тошиќ: „Тоа што го правев јас, не може ниедна друга“
Нивниот приватен живот отсекогаш бил една од главните теми во медиумите.
Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ на 15 септември по 16 години потпишаа меѓусебен договор за развод.
За време на емисијата „Четири и пол жени“ на ТВ Информер, Јелена откри многу детали кои до тој момент не ја виделе светлината на денот, а најсочните биле, логично, од нивната спална соба.
- Кога го замислувам Душко со друга жена, се чувствувам добро, бидејќи знам дека тоа што го направив со него, никој не може да го направи. Мислам дека сум многу посветенa на тие работи и затоа уживам да замислувам. Знам дека ќе има општо разочарување во тие с**ови и затоа уживам и едвај чекам да се случи - изјавила ЈК и ги шокираше сите.
Официјално збогување на Jлена со Душка
„Потпишав спогодбен развод по 16 години. Сама. Наспроти мене на сликата се мојот адвокат Милан Атељевиќ и овластениот адвокат на мојот поранешен сопруг кој не дојде. Не прашав зошто. Поради разни медиумски и социјални шпекулации, ќе додадам дека целиот заеднички имот (стекнат во брак) е насочен кон нашите деца, Атина и Ника. Јас сум чувар на нашите деца. „Другата страна“ немаше поинаков предлог. Иако некои многу мудри велат дека за доброто на децата бившите сопружници треба да бидат во коректни односи, јас веќе не сакам никаква врска или контакт со претходниот период од животот освен ако се работи за живот и смрт. Во тој случај веројатно ќе умрам. Па, секој може да има деца, тоа е лесно, секој може да се ожени, но не може секој да биде сопруг. Мажот е тој што стои до сопругата како што се вели при потпишувањето на брачниот договор - во добро и во лошо... и за жал или за среќа, животот ме „награди“ со сила да ги надминам сите проблеми, подеми и падови, низ морето на злото, солзите и лошите луѓе од сите изминати години... Одам сама. Знам. Тешко е да застанеш до мене, тешко е да одиш до мене и уште потешко да застанеш пред мене. Претпоставувам затоа што сум многу страшна. Често велат дека сум луда, веројатно се во право. Затоа до мене отсега може да стои само некој луд. Како мене. Не прифаќам ништо помалку. Дека како што знам, ме сака лудо, дури и кога цел свет ме мрази. Немам што повеќе да додадам, другар судија“, напиша Јелена.
Фото: ИнстаграмИзвор: Sd.rs