Карлеуша провоцира: Облече секси костим и ги „полуде“ социјалните мрежи

Како што изјавил еден нејзин обожавател во коментарот под објавата, тој „дури добил отказ“ поради нејзиниот концерт.

Општо познато е дека пејачката Јелена Карлеуша не штеди кога е во прашање нејзината гардероба и дека носи дизајнерски и скапи работи.

Не еднаш сме биле сведоци на нејзините стајлинзи и знаеме дека Јелена максимално се грижи што ќе облече, било приватно или професионално.

Таа пред 4 дена одржа концерт во Австрија, во клуб кој не можеше да ги собере сите заинтересирани за нејзиниот настап.

Јелена и за овој концерт сериозно се подготви, а со својот стајлинг уште еднаш „направи“ револуција.

Имено, таа позираше во необичен златно-црн костим.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Karleua (@karleusastar)


Станува збор за проѕирен црн костим со златни детали, а најголемо внимание всушност привлекоа ѕвездите на градите.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Karleua (@karleusastar)


Комплиментите и за нејзиното тело и за стајлинг само постојано се редеа под фотографиите:

„Какво тело имаш, се‘ ти одговара“, „Бомба“, „Па, ова се ѕвезди од небото“, „Признавам дека добив отказ затоа што не сакав да го пропуштам твојот настап“, „Навистина, златна жена“, се само дел од коментарите.


Фото: Youtube - screenshoot/Инстаграм