Карлеуша размислува да го откаже издавањето на албумот: „Длабоко сум разочарана како човек, жена и мајка“
Карлеуша во својата објава ги спомна и колегите
Поп ѕвездата Јелена Карлеуша размислува да го откаже објавувањето на нејзиниот албум „Алфа“.
Имено, таа се огласи на социјалната мрежа Инстаграм, разочарана поради малтретирањето низ кое поминува по гостувањето на Пинк.
Јелена во низата стори кои ги објави на споменатата мрежа, меѓу другото истакна дека повеќе нема да се огласува за работите за кои зборувала во емисијата „Хит твит“, па и после неа.
- Реков се што имав да кажам. Ќе додадам на крај, срам да ви е. И вие што напаѓате, и вие што молчите и гледате. Нема повеќе да разговарам на оваа тема ниту да одговарам на јавни напади – напиша таа и додаде дека размислува да го откаже албумот „Алфа“ што го планираше за август годинава.
- Искрено размислувам да го откажам издавањето на албумот. Најискрено. Длабоко сум разочарана како човек, како жена и мајка од омразата во Србија – продолжи таа, а потоа им се обрати на колегите.
– Им благодарам на колегите што не ме поддржаа и во овој линч – напиша таа на споменатата мрежа.
Да потсетиме, Јелена во споменатата емисија зборуваше за темата која ја потресе цела Србија, за масакрите што се случија на 3 и 4 мај кога беа убиени неколку лица, претежно деца и млади, а и за врсниците насилството и протестите што се организираат .
Јелена истакна дека жртви на насилство биле и нејзините малолетни ќерки Атина и Ника.
- Моите деца беа нападнати, доживеаја насилство од врсници. Велат дека моето дете ќе заврши во шахта - рекла Јелена.