Карлеуша синоќа на настап во Македонија го пукна скапоцениот кристален костим во пределот на задникот (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Поп дивата Јелена Карлеуша синоќа настапи во Македонија, а со својот провокативен проѕирен костим обложен со ситни кристали, буквално ги заслепи сите.

Јелена носеше скап комбинезон кој ги истакна нејзините бујни атрибути, а половината ја истакна со корсет кој исто така беше украсен со мали кристали.

Навидум, се изгледаше како да е во најдобар ред кога е нејзиниот стајлинг во прашање, но во еден момент се случило нешто што дивата најверојатно не очекувала. Имено, на социјалните мрежи кружат фотки на кои се гледа како пукнал костимот на Јелена, во пределот на задникот, а личи како Карлеуша да не носи долен веш под истиот.

И покрај оваа мала компликација која ѝ се случила на сцената, Јелена денес објави бројни фотки и видеа од настапот во Македонија.