Карлеуша во прагратките на бугарски пејач, објави фотка како се бакнуваат ВИДЕО

Добивај вести на Viber

Азис на многумина им е познат по неговиот дует со Северинa, кој се вика „Фалиш ми“. Инаку, музичарот е роден во Бугарија. Потоа со семејството се преселил во Германија, а на музичката сцена стапил во 90-тите...

Среќен сум што те гледам брат! Каква ноќ, каков настап во Цирих! Ова мора да го правиме почесто, порачала Јелена Карлеуша (44).

Таа објави две фотографии и едно видео со бугарскиот пејач Азис (44). На една од нив тие се бакнуваат, а многумина реагираа со ентузијазам на тоа.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)



„Леле“, „Тоа е тој спој, легенди мои“, „Екстра избор“, „Те сакам“, „Браво моја убава кукла“, пишуваа следбениците во коментарите.

Азис на многумина им е познат по дуетот со Северина (50), кој се вика „Фалиш ми“. Музичарот е роден во Бугарија. После тоа со семејството се преселил во Германија, а на сцената стапил во 90-тите. Неговата музика секогаш се придржувала до музичкиот жанр на бугарската народна музика, кој се нарекува поп-фолк или чалга. Интересно е што кога ја започна својата музичка кариера не изгледаше исто како денес.

На почетокот Азис носеше женска облека и перики, а денес по естетската операција за трансплантација на влакна на градите, има изглед на „мачо“ маж. Покрај тоа што е геј, тој е голем поборник за ЛГБТК заедницата. Тој рече дека поради тоа му бил многу тежок патот до пејачката кариера.

- Луѓето се заљубија во мојот глас и едноставно заборавија на мојата сексуалност - изјави тој за Paper.

View this post on Instagram

A post shared by Azis Online (@azis_online_new)



Освен со Северина, тој соработуваше со многу балкански пејачки меѓу кои и Индира Радиќ, Марта Савиќ и Карлеуша.

На Евровизија настапи во 2006 година со песната „Let Me Cry“, каде ја претставуваше родната Бугарија и пееше со колешката Маријана Попова.

Во 2007 година тој предизвика многу контроверзии бидејќи позираше со сегашниот сопруг Николај Китаец за голем постер, каде што се бакнуваа без облека. Тогашниот градоначалник на Софија ги цензурираше сите плакати бидејќи сметаше дека тоа е крајно несоодветно.

Азис има 15-годишна ќерка по име Раја со долгогодишната пријателка Гала. Таа често позира со сопругот Николај на социјалните мрежи.