Карлеуша воодушеви од моден додаток од речиси 7000 долари: Не секој може да го има (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Овој детал не може да се најде на официјалната веб-страница на Шанел, туку само кај колекционерите

Поп-ѕвездата Јелена Карлеуша ги воодушеви љубителите на високата мода со винтиџ аксесоар, а од цената ќе ви ја заврти главата.


Имено таа позираше во бело здолниште со длабок шлиц и црн горен дел, а оваа комбинација ја искомбинира со златни сандали и чанта, но најголемо внимание привлекоа нејзините очила.

Станува збор за винтиџ модел на Шанел од 1994-та година, кој е редок и чини вистинско богатство.


Но, и да имате пари, многу е тешко да се добие.

Овие очила не можат да се најдат на официјалната страница на Шанел, а неколку колекционери ги продаваат за дури 6.900 долари, што е 6.636 евра.


Карлеуша како и секогаш ја оправда титулата модна икона, а винтиџ детаљот на неа веднаш го привлече вниманието на љубителите на модата.

Извор: www.telegraf.rs