Карлеуша за исламот: „Религија на голема љубов и почит кон жените, за малку ќе заплачев“

Добивај вести на Viber

По една емисија во која се зборуваше за исламската религија, се огласи Јелена Карлеуша.

Еден од гостите на утринската програма кај Јована Јеремиќ беше Абдула Нуман, кој меѓу другото проговори и за својата сопруга, што многу ја трогна Јелена Карлеуша, која се огласи на својот Инстаграм профил. Имаше потреба да го сподели својот ентузијазам, јавно да ја пофали Јована Јеремиќ, но и да ги покани другите повеќе да работат на образованието и разбивањето на заблудите за оваа религија.

„Кај Јована Јеремиќ, гостинот беше исклучително паметен, нежен и интересен за слушање, проповедник на исламската вероисповед. Исламот, кој го проповеда, е длабоко филозофска религија, религија на мирот и зајакнувањето на човечките вредности. Пред се‘ со почит кон жените, а особено почитта што ја покажа овој господин за неговата сопруга длабоко ме трогна во шоуто“, напиша таа и додаде:

„Начинот на кој ја опиша гордоста на неговата сопруга и нејзината интеграција во православната средина речиси ме доведе до солзи. Прекрасно. Само екстремизмот во исламот ги забранува и ги понижува жените. Вистинскиот ислам е религија на голема љубов и почит кон жените... Разбирањето на религијата и едукација во медиумите на оваа тема е нешто што е неопходно, браво Јована, за денешната емисија“. 

Ова не е првпат Карлеуша јавно да го „брани“ исламот од предрасуди - кога исламофобијата беше во пораст во Европа поради терористичкиот напад во Белгија во 2016 година, Карлеуша повика на мир, толеранција и здрав разум. Потоа напишала: „ИСИС не е ислам. Тероризмот нема религија“.


Фото: Инстаграм/Youtube - screenshoot