КАРОЛИНА Е СРЕЌНА КУМА: Невестата Ана од „Антена 5 “ во шик креација

Добивај вести на Viber

Каролина Гочева на својот инстаграм профил сподели фотографија од свадбата на својата блиска пријателка Ана Шутиноска, водителка и новинар од „Антена 5“ радио, чија кума е. Ана сношти се омажи за Гордан Лазаревски, стоматолог од Скопје.

Каролина и Весна Бејби, сношти на свадбата на Ана и на Гордан 

Тој и сопругот на Каролина, уметникот Михаил Корубин се долгогодишни пријатели. 

„ Гордан и Михаил се блиски другари уште од деца, а Каролина е моја драга пријателка и соработничка, и мило ми е што тие ни се кумови“, ни изјави Ана Шутиноска пред свадбата. 

Каролина во друштво на пријателки 

Невестата носеше уникатна креација, место класичен невестински фустан, таа избра бели пантолони. Од свадбата, слики сподели и Петар Ѓошев, поранешен водител од „Метрополис“ радио, кој за свадбата на колешката дојде од Амстердам, како и актерката Весна Бејби Петрушевска. Ана и Весна се пријателки уште од времето кога соработуваа во нејзината авторска емисија „Вртелешка“. Една сезона, емисијата ја водеа Ана и Петар Ѓошев. 

Петар Ѓошев, со колешката од радио „Метрополис„ , Маја Казакова и со оперскиот пејач Ѓорѓи Цуцковски 

Каролина и Корубин, заедно со младенците Ана и со Гордан беа на заеднички одмор летово на грчкиот остров Миконос, а заедно го следеа и концертот на Цукеро, во јули во Охрид.