Каролина Гочева нè врати во минатото: По 12 години објави нова поп песна - македонската јавност воодушевена (ВИДЕО)

Каролина Гочева докажа дека поп музиката е нејзината прва и најголема љубов.

По 12 години објави нова поп песна и малку е да се каже дека јавноста е воодушевена!

- Драги мои, како што ви најавив на последниот концерт, по долго време претставуваме нешто ново, забавно и долгоочекувано.

Во соработка со мојот стар другар и соработник Роберт Билбилов - „Од небо до дно“ - напиша Каролина вчеравечер објавувајќи го видеозаписот за новата песна.


Во видео записот за „Од небо до дно“, Гочева изгледа едноставно прекрасно - со неколку различни стајлинзи ја покажа сексапилната и забавна страна на Каролина, како и на почетокот од нејзината кариера.

Слушнете ја „Од небо до дно“ и уживајте во гласот на македонското девојче: