КАРОЛИНА СО „ИЗВОР“ ВО БИТОЛА НА 27 И 28 МАРТ!

Добивај вести на Viber

Во  Домот на културата на 27 и 28 март, со почеток во 20 часот фантастичната Каролина Гочева ќе ги одржи промотивните концерти на новиот албум „Извор“ 

Исто како и за скопските концерти, концептот ќе биде следен:

Во првиот дел ќе бидат изведени песните од новиот албум на Каролина, додека во вториот дел од концертот ќе бидат изведени најубавите песни од проектот „Македонско девојче“.

Влезниците по цена од 500 денари ќе бидат пуштени во продажба од утре, во 09 часот, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн.

Со секоја купена влезница, следува подарок- луксузно дигипак издание од албумот „Извор“.