Картичка од 10 000 денари за јубилејниот купувач во Нептун со haPPy картичката
Минатиот месец Нептун Македонија го прослави својот 10.000 корисник на haPPy кобрендираната картичка. По тој повод спроведе кампања во рамките на која на својот јубулеен корисник му обезбеди дополнителни поволности и награди.
Добитник на наградата е г-ѓа Виолета П. Смилески од Македонски Брод, која како подарок доби ваучер од 10.000 денари за купување производи во продавниците на Нептун, 10 отсто кеш бек на првата направена трансакција со картичката во Нептун, 12 рати без камата на првата трансакција во Нептун и доживотно бесплатно членство за картичката.
„Навистина не очекував, бев изненадена дека покрај сите поволности кои ги нуди оваа картичка јас бев токму нејзниот 10.000 корисник кој преку Нептун ќе ги користи поволностите и токму заради тоа добив низа дополнителни поволности. Секако дека имаме план како ќе ги искористиме сите наградни поволности, семејството веќе го скрои планот. - изјави г-ѓа Виолета пресреќна од ова изнеандување.
haPPy кобрендираната картичка на Mastercard е платформа со меѓународна важност. Станува збор за бесконтактна картичка која секојдневно можете да се користите во земјата и странство, за сите купувања и подигање на готовина. Нептун Македонија како малопродажен субјект неколку години успешно ја нуди оваа услуга овозможувајќи можност за инстант одобрување на кредитен лимит на картичката во продажните салони на Нептун, како и можност за реализација на првото купување во истиот момент, без физичко поседување на картичката.
„Горди сме да кажеме дека Нептун месецов ја брои 10.000 издадена haPPy кобранд картичка преку својата продажна мрежа. Бројка која е само по себе е импозантна за Нептун како небанкарска институција. Инстант одобрувањето на кредитен лимит на картичката и можноста за реализирање на првото купување во истиот момент, без физичко поседување на истата го прави Нептун единствен со ваков картичен продукт на пазарот, кој го наградува секој клиент за секое едно купување без ограничувања.” - дополни Зорка Стојанова, Раководител на оддел за лојалност, финансирање и услуги во НЕПТУН.
„Неп Лојалити како сопственик на haPPy програмата за лојалност може да се пофали со бројка од над 300 партнери во својата кеш бек програма и над 1.300 продажни места. Бројот на партнери и продажни места е во постојан раст, а со тоа на сопствениците на кобрендираната haPPy Mastercard им ја зголемуваме можноста за добивање на поврат на средства.
Нептун Македонија е еден од нашите партнери и единствен кој покрај НЛБ Банка АД Скопје ја издава haPPy кредитната картичка. - изјави менаџерот за односи со клиенти на Неп Лојалити, Дарко Блажев.
ПР објава