КАТАРИНА ИВАНОВСКА: СЕЌАВАЊЕ НА ЕГЗОТИЧНАТА ВЕНЕЦУЕЛА
Македонскиот модел со светска кариера Катарина Ивановска сподели интересни спомени од својата работа. Таа на својот инстаграм профил се присети на времето кога позирала за шпанското издание на „Воуг“.
Катарина објави слики од летен едиторијал со провокативни парчиња, сликана на егзотична плажа во Венецуела. Дел од претходните нејзини ангажмани изминатиов период беа врзани за Милано и за грчкиот остров Парос. Фотосесијата на островот беше прв ангажман на Катарина по раѓањето на синот Вања, кој наполни една година. Среќните семејни моменти со синот и со сопругот, таа ги споделува со своите следбеници на социјалните мрежи. Неодамна, се вратија од одмор од Халкидики.
Катарина е активно вклучена во иницијативната на УНИЦЕФ и на Министерството за труд и социјална политика, „На секое дете му треба семејство“. Кампањата има за цел да ги поттикне граѓаните да станат згрижувачи на деца без родителска грижа, и да им овозможат да растат во безбедно семејно опкружување. (М.Џ.)