Катастрофална шминка од професионални шминкери: Овие 9 дами горко зажалија за парите кои ги потрошија (ФОТО)
Дали е ова најлошата шминка во историјата на шминката? Овие девојки не знаеле што да прават со себе откако шминкерите ги „средиле“.
Денес, повеќето девојки и жени се препуштаат на вештите раце на професионалните шминкери пред големи настани како свадба, прослава, крштевка, полнолетство. Има доста девојки кои одат во салон за шминкање, но, не сите шминкери се професионалци и не сите имаат вештина да го разубават женското лице. Има и такви трансформации кои не одат во прилог на истакнувањето на убавината, напротив, а ние денес ви ги претставуваме некои од најлошите искуства на жени ширум светот:
Лошо прецртани усни и лошо исчешлани веѓи
Нијанса на пудра која не се совпаѓа со тенот, вештачки трепки и премногу нагласена шминка на очите кои прават да изгледаат натежнато
Премногу нагласен хајлајтер
Вештачки трепки кои го уништуваат севкупниот впечаток на шминката
Премногу нагласени контури на носот и лошо прецртани усни
Шминкерот не е тука за да создава модели од нас - тој треба само да ни ги нагласи убавите црти на лицето, а не да го трансформира.
Погрижете се шминкерот да користи само професионална и добра козметика, а четките и сунѓерите да му се чисти и измиени.
извор:stil.kurir
Точката на која нанесувате руменило може визуелно да ја промени формата на вашето лице: Трикови кои ги користат професионалците!