Кажав ДА на среќата: Ракометарот Матијасиќ ја побара за сопруга Зои Блаж

Пејачката и мејк-ап артистка Зои Блажева, односно Зои Блаж веќе четири години е во врска со ракометарот Тадеј Матијасиќ.
Вчера Матијасиќ реши да направи чекор напред и да стави прстен на раката на Зои.

Пресреќната идна невеста веднаш се пофали на Инстаграм дека кажала ДА:

Под фотографијата се нижеа честитки за идниот брачен пар.

Инкау запросувањето се случи во Германија, каде Зои веќе подолг период престојува со момчето, сега веќе иден сопруг Тадеј, инаку поранешен ракометар за РК Металург.

Покрај тоа што не ја кријат врската од љубопитните очи на јавноста, тие се и пример за тоа како се негува љубовта. 

Инаку Зои Блаж ја стави во мирување музичката кариера, и се посвети на сосема друг бизнис, професионалната шминка, под уметничкото име, Зои.