Кејт го „украла“ Вилијам од друга девојка: Оваа жена е поранешната љубов на принцот

Добивај вести на Viber

Британските медиуми веќе подолго време зборуваат за проблемите со кои се соочувле принцот Вилијам и Кејт Мидлтон кога се запознавале, а сега во јавноста излегоа уште детали.

Кејт Никол, во својата книга „Вилијам и Хари, зад ѕидовите на палатата“ напишала дека Вилијам, пред да ја запознае Кејт, бил во врска со неговата пријателка од детството Арабела Масгрејв.

Арабела Масгрејв

Арабела на една забава која ја организирале Вилијам и Хари, на Вилијам му паднала во очи и не можел да верува колку неговата пријателка од детството пораснала во прекрасна девојка. 

„Се вртеше по неа повеќе пати“, напишала писателката Никол. Подоцна, Вилијам и Арабела започнале врска која станала толку сериозна што принцот поради неа сакал да го напушти факултетот. Тогаш, ја запознал Кејт која го поттикнала да ги продолжи студиите и така се одлучил за неа. Наводно, Кејт и го украла Вилијам на Арабела. 

Арабела во 2014 година се омажи за Џорџ Прат и сега е лице за односи со јавноста во модната куќа Гучи.