Моден фокус // Трендови
Кејт Мидлтон диктира мода: По Меланија, Меган и Амал, таа го има последниот збор
Ефектот на Кејт Мидлтон е сè уште најсилен, дури и по доаѓањето на новата Војвотка во кралското семејство, која за кратко време постави многу нови модни правила. Појавувајќи се во ваква комбинација на финалето на Вимблдон оваа година, Кејт ја постави жолтата боја како хит на сезоната!
Првата дама на Америка Меланија Трамп, ја избра оваа боја како дел од европската турнеја за гламурозната вечер во палатата Бленхем во Лондон.
Меган Маркл носеше жолт фустан од лимон на приемот на организацијата Комонвелт пред неодамнешната дводневна посета на Даблин.
Амал Клуни го избра овој ист тон за нејзиниот фустан за кралската свадба во Лондон, и таму ја освои титулата како една од најубаво облечените гости.