Кејт Мидлтон и принцот Вилијам за прв пат на омилениот настан на кралицата Елизабета: Војвотката повторно маѓепса со својот стил

Добивај вести на Viber

Кејт Мидлтон повторно маѓепса со својот стил

Војводата и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, првпат се појавија на еден од омилените настани на кралицата Елизабета. Тие дебитираа во Ројал Аскот во 2022 година.

Кејт и Вилијам го предводеа кралското семејство во поворка од кочии на култната коњска трка.

Принцезата (40) носеше неверојатен бел фустан со точки со потпис на Алесандра Рич. Фустанот е целосно затворен, има долги и лелеави ракави и ремен, што го прави вистинско летно парче, а миди должината го прави совршено погоден за ваков настан.

За да направи совршена комбинација, војвотката додала салонки и плико чанта во иста боја. 

Заедно со принцезата цело време беше и принцот Вилијам, кој во црн костум целосно одговараше на нејзината елеганција.


Фото: Профимедиа