Кендал Џенер, Јелена Карлеуша, Ена Луна, сега и Марија Каран: Која најдобро го носи фустанот кој го маѓепса светот (ФОТО)
Парче гардероба кое стана планетарен хит.
Актерката Марија Каран на својот Инстаграм профил сподели фотографија во фустан кој е соработка на два бренда - Џамбатиста Вали и H&M.
Прва во ова парче се појави манекенката Кендал Џенер, која го носеше овој неверојатен фустан од тул, кој има интересен дизајн и е многу впечатлив.
Интересно е што набргу потоа, пејачката Јелена Карлеуша го облече овој фустан кој веќе имавме можност да го видиме на Кендал, и го носеше со неверојатна самодоверба, сексапил и софистицираност.
По нив во овој фустан се појавија многу инфлуенсерки од Србија, а меѓу нив е и една од најпознатите новосадски блогерки Ена Луна која го фотографираше во празнична атмосфера.
На овој фустан очигледно не можеше да одолее ниту актерката Марија Каран која го носеше со црн појас со златни детали. На деколтето додаде златни синџири, кои одлично се вклопија со златните чевли што ги избра. Секако впечатливи беа и нејзините темни очила.
Која од нив го носи најдобро?извор:GLOSSY